среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Саем на мебел од 9 до 14 октомври во Арена „Борис Трајковски“

Саемот на мебел ќе се одржи од 9. до 14. октомври, на нова локација – комплекс ВИП Арена Борис Трајковски, на вкупна површина од 8. 000 m2 која вклучува најсовремени монтажни хали, со еко-енергетски конструктивни елементи, двоен под и водоотпорни елементи со чија помош се покриваат сите надворешни површини при одржување на вакви манифестации. Ваквиот тип на хали, се позитивна пракса на сите организатори на саемски манифестации во Европа (Милано, Келн, Минхен, Белград, Софија, Солун).

Над 70 изложувачи, со своите последни понуди и попусти ќе бидат дел од ова 44. издание. Покрај учеството на сите домашни производители и трговци на мебел, учествуваат и директни изложувачи од странство: Србија, Косово, Бугарија и Италија.

За полесно циркулирање на посетителите до Саемот на мебел, продолжува соработката со ЈСП Скопје, со тоа што двете вондредни линии 100/1 и 200/1 ќе бидат во функција додека трае саемската манифестација, со крајна автобуска постројка пред ВИП Арена Борис Трајковски.

Саемот за мебел, оваа година организира посебни едукативни настани кои се важни за производителите и трговците на мебел. Во соработка со Факултетот за дизајн на ентериер, за прв пат оваа година изложувачите ќе бидат оценувани според нови категории.

Билетите се по цена од 100 денари, а групните посети по 50 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top