среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Фрчковски: Не ми се допаѓа тонот на пораката на Црвенковски која во себе содржи ароганција и дистанца кон политичката елита од неговата партија

-Добро е што Бранко Црвенковски го поддржал референдумот и се изјаснил дека ќе гласа „ЗА“. Мене не ми се допаѓа тонот на пораката која во себе содржи ароганција и дистанца кон оваа политичка елита од неговата партија, бидејќи таа тоа не го заслужува. Бранко Црвенковски во основа никогаш не се бавел со прашањето на спорот за името. Единствено се занимавал со ова прашање на самитот во Букурешт, кога заедно со Груевски се согласија за „Република Македонија (Скопје)“, но тоа не помина – рече Фрчковски во вечерашното издание на Клик Плус на ТВ 21.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top