четврток, 22 ноември 2018 | Вести денес: 31 ново

Нуклеарна катастрофа ѝ се заканува на Америка: Ураганот може да закачи шест нуклерки

Американските експерти соопштија дека сите 6 нуклеарни електрани кои се наоѓаат во регионот каде се очекува да помине и ураганот Флоренс се безбедни, меѓутоа, поедини експерти не се толку сигурни, предупредувајќи дека поплавите би можеле да ги загрозат нивните системи за заштита.

Шест нуклеарни електрани се наоѓаат во Северна и Јужна Каролина, токму таму каде што е предвидено дека ќе удри ураганот.

Џеф Бјард помошник администратор на агенцијата FEMA изјави дека агенцијата не е загрижена за електраните кои ќе се најдат на патот на невремето во тој момент.

– Овие електрани се заштитени, имаат резервни генератори за струја и брзо можеме да процениме дали ќе се случи нешто по невремето, изјавил Бјард.

Поплава во нуклеарните електрани стана загрижувачки бидејќи во 2011 година по земјотресите и последиците од поплавите во Јапонија предизвика една од најлошата катастрофа по инцидентот во Чернобил во 1986 година. Три нуклеарни реактори се истопиле и ослободиле опасно зрачење во околината.

Почна силното невреме: Следете го во живо пристигнувањето на ураганот Флорен во САД (ВИДЕО)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top