сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 57 ново

Почна силното невреме: Следете го во живо пристигнувањето на ураганот Флорен во САД (ВИДЕО)

Силни удари на ветер и страшна бура почнаа да се нафрлаат на источниот брег на САД со риближувањето на ураганот Флоренс кој се заканува со обилни врнежи и пораст на нивото на Атлантскиот Океан што би можело да предизвика катастрофални поплави.

„Целосно сме спремни за ураганот Флоренс додека невремето станува посилно. Бидете внимателни!“, предупреди на Твитер утринава американскиот претседател Доналд Трамп.

Силата на ураганот синоќа беше намалена на втора категорија на Сафир-Симпсоновата скала со пет категории. Флоренс во 17 часот по средноевропско време беше 230 километри одалечена од Вилмингтон, на брегот на Северна Каролина, проследена со ветер од 165 км/ч, соопшти Националниот центар за урагани.

Ураганот го забави своето напредување што го прави уште поопасен кога ќе стигне на копното бидејќи ќе донесе обилни врнежи кои долго ќе стојат во истиот регион, предизвикувајќи опасност од поплави.

Центарот (окото) на ураганот на брегот ќе стигне дури утре попладне или во сабота наутро, но дождот и ветерот веќе почнаа.

Флоренс им се заканува на милиони жители на брегот на Северна и Јужна Каролина, но и на внатрешноста бидејќи може да предизвика пораст на нивото на океанот за 4 метри.

Иако ураганот Флорен ослабе, метеоролозите предупредуваат дека истокот на САД сепак го очекува катастрофа од невидени размери.

„Не ме интересира ни ако ураганот ослаби до прва категорија“, изјави метеорологот на Си-ен-ен Чед Мајерс. „Сепак нѐ очекува бура од четврта категорија и голема катастрофа“.

Се очекува ураганот над Северна и Јужна Каролина да минува цели три дена, сѐ до недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top