четврток, 22 ноември 2018 | Вести денес: 30 ново

Алфа објави документи на Викиликс: Димитров и Црвенковски биле против одржување на референдум (ВИДEO)

Во ексклузивните документи до кои дојде Алфа, а кои потекнуваат од февруари 2008 година, односно два месеци пред самитот на НАТО во Букурешт  на кој Македонија требаше да стане членка на НАТО заедно со Албанија и Хрватска, стои дека Никола Димитров на средбата со тогашната амбасадорка на САД Во Македонија, Џилијен Миловановиќ категорично се изјаснува против референдум во врска со спорот за името. Амбасадорката Миловановиќ испратила неколку доверливи извештаи и депеши до Стејт Департментот, но и до ЦИА и другите американски агенции, во кои се прераскажани незините средби со сегашниот министер за надворешни работи, а тогаш национален координатор во преговорите околу разликите за името. Средбата за која денес објавуваме документи се случила на 20 февруари 2008 година, а веќе на 21 февруари извештајот е испратен до ЦИА и до Стејт Департментот.

Во депешата на амбасадорката Миловановиќ се наведува дека не само националниот координатор Никола Димитров туку и претседателот Бранко Црвенковски имал јасен став против референдум за името.

Токму во тој период во Македонија се воспоставувал консензус на сите релевантни чинители околу црвените линии против промена на Уставното име,  а Димитров и Црвенковски ја уриваат договорената стратегија.

Десет години подоцна, Никола Димитров како министер за надворешни работи става потпис на договорот со Грција со која Македонија се обврзува да го промени Уставот, името Северна Македонија да биде и за внатрешна и за надворешна употреба, да се ревидира историјата, да се менуваат личните документи. И згора на се Димитров заедно со Црвенковски ги повикуваат граѓаните  да гласаат „За“ на референдумот на 30 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top