сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 64 ново

„Вице Заев“: Поставен првиот споменик од „Северна 2019“ (ФОТО)

Првиот споменик до Скопје крајот на 2019 или почетокот на 2020, донација од струмичкото семејство Заеви, поставен во главниот град на нашата држава. Нашиот премиер на нашата држава, Зоран Заев, ја искористи укажаната чест и со задоволство го претстави споменикот „Вице Заев“.

Пред да му го тргне чаршафот на блескавиот споменик, премиерот во самоукинување рече дека проектот на Владата, кој го носи името „Северна 2019“ е симбол на нашиот напредок кон ЕУ и НАТО.

-Ние каскаме напред. Реформа, реформичка. Десна рака, лева рака, лева рака двапати. Раст економски, не знам каков, па бруто, што и да е… Како сме тргнале, далеку ќе стигнеме. Ако не во 2019, во 2020. Па и да не стигнеме до 2035, важно каскаме, рече премиерот на нашата земја, па се осврна на ремек-делото, но не сакаше да открие во која фабрика на фамилијата е изработен.

-Вие мислите ајвар правиме, ама јок, ние пари коваме! Ете такви сме ние Заеви! И купус кога гледаме, месо вадиме или сега како што е модерно кал гледаме евро земаме, хахаха-хихуху. Ете така, сега го личи и Скопје, блеска Македонија, од ова златното околу. Овој споменик нека биде споменик на отворените перспективи и удрените камшици од европските камшикари, рече Зоран Заев на свеченото смкнување на белиот чаршаф од „Вицето“, како што скопјани нагалено го нарекуваат новиот споменик во градот.

На коментарите дека му се подига споменик на жив човек, што е спротивно на нашата традиција, освен кога се работело за Тито, Заев се пошегува:

-Тито па Дон Вито, велиме ние по дома, хахах-хихуху. Историјата се менува, не па традицијата. Се е тоа европски дух. На се ќе се навикнете.

Премиерот во самоукинување ги повика граѓаните да ги почастат газдите како брат му и другите, зашто ова е многу важно за компаниите и за граѓаните и за државата наша.

-Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат, и треба да имаат. Евро за Вицето, евро за Кочото, две за Трајчето… евро по евро Цареви кули. Да гледате и да учите, им порача премиерот на скопјани заслепени од оваа Македонија што блеска и еврото што сјае и ги поучи дека тоа се европски вредности.

-Затоа што мора да има европски ред и поредок, мора да има европски правила, тоа е нешто кое што сакаме и тежнееме да го постигнеме – биснисмените да имаат, рече Заев.

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top