сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 64 ново

Двобој: Амди против Бајрам, Заев на Кардиологија (ВИДЕО)

Пратеникот Амди Бајрам за време на протестите пред Државната изборна комисија во 2016 година пред демонстрантите порача дека погребот на сегашниот премиер Зоран Заев ќе биде многу бргу. Во тоа време Амди Бајрам беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

„На Заев многу блиску ќе му биде погребот. Многу бргу ќе му дојде погребот. Ќе лежи на Кардиологија. Ќе го удри инфаркт по неколку дена. Таму ќе му одиме на посета. Ќе му палиме и свеќа на гробишта“, велеше Бајрам пред една и пол година.

Набргу по промената на власта, пратеникот Амди Бајрам влезе во коалиција со сегашната владејачка гарнитура на СДСМ. Тој во изјава за „Макфакс“ демантира дека го кажал тоа.

„Демантирам дека сум го кажал тоа. Мислам дека тоа се само измислици“, вели Бајрам за Макфакс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top