среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 5 ново

Голем пожар кај црквата во Маџари (ФОТО)

Голем пожар беснее во Маџари. Пожарот избувнал попладнево, а според очевидци, гори отпад во скопската населба.

Повеќе противпожарни единици се обидуваат да го локализираат, а полицијата врши увид на местото.
Причината за пожарот засега се уште не е позната.

Напуштен отпад во близина на црквата во скопската населба Маџари во моментот гори, потврдуваат за МИА од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и информираат дека во моментот на терен интервенираат 15 пожарникари и четири противпожарни возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top