среда, 26 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Метју Меконахи го спасил синот од трагедија

Познатиот актер Метју Меконахи е во брак шест години со Камил Алвеш, со која има три деца, синовите Леви и Ливингстон и ќерката Вида. Иако ретко зборува за приватниот живот, 48-годишниот актер откри интересен детаљ од минатото во својот најнов телевизиски настап.

Имено, за време на еден излет со својата сопруга и тогаш шестмесечниот Леви, Метју за малку ќе доживеел голема трагедија.

– Отидовме на излет во планината Гранд Кањон. Се сместивме на едно место и почнавме семеен пикник. Идилата беше прекината во еден момент. Зад нас имаше голем муфлон. За да го спасам мојот син, морав да ѝ го фрлам тогаш шестмесечниот син на сопругата која стоеше на мал премин 4,5 метри под нас – го почна своето непријатно искуство, кое, за среќа, заврши без последици.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top