вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Мицкоски: Нашиот став за референдумот ги обединува оние кои ќе апстинираат и оние кои ќе гласаат против договорот

Нашиот став за референдумот ги обединува оние кои ќе апстинираат и оние кои ќе гласаат против договорот, изјави Христијан Мицкоски, лидер на најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО ДПМНЕ.

Тој вечерва гостуваше на „24 анализа“, каде што говореше за прашањата за референдумот, за ставот на партијата во однос на 30 септември, договорот од Преспа и за референдумското прашање.

Мицкоски во своето гостување во емисијата  истакна дека власта на СДСМ со трозначно и манипулативно референдумско прашање има задача да внесе забуна и конфузија кај граѓаните за како што вели капитулантскиот Договор од Нивици. Лидерот на опозицијата напомена дека побарал во повеќе наврати од владата прашањето да биде еднозначно согласно Законот за референдум, Уставот, како и препораките кои се содржани во Кодот за добри практики на Венецијанската комисија, но тоа не е случај со прашањето за престојниот референдум за промена на името.

– Доколку за време на лидерската средба се одважеше парламентарното мнозинство, премиерот Зоран Заев, СДСМ и останатите политички партии кои што го формираа парламентарното мнозинство и го прифатеа предлогот на Христијан Мицковски и на ВМРО-ДПМНЕ да на референдумот имаме прашање кое што ќе биде еднозначно, кое што ќе биде согласно Законот за референдум, Уставот, но и препораките кои се содржани во Кодот за добри практики на Венецијанската комисија, а тоа подразбираше прашање кое што ќе се однесуваше само на Договорот од Нивици, потпишан помеѓу МНР Димитров и МНР Коѕијас, на 17.06.2018, тогаш Христијан Мицкоски ќе го повтореше ова што го кажа на оваа прес конференцијата пред два и месеци и ќе излезеше и ќе гласаше против. Но бидејќи парламентарното мнозинство не се одважи, не ја сфати суштината се обиде да го манипулира сопствениот народ за што дебело ќе биде казнето на следните без разлика дали тоа ќе бидат редовни или предвремени парламентарни избори. Се обиде на шверцерски начин покрај договорот да формира една кованица во која што ќе ги внесе и ЕУ и НАТО ќе мора да причекате до 30-ти септември и да го видите ставот на Христијан Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top