сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 37 ново

Кој хороскопски знак е болно љубоморен?

Љубомората е речиси неизбежен дел од секоја врска, а кај некои таа е поизразена отколку кај останатите.

Прочитајте какви се хороскопските знаци кога станува збор за љубомората.

Овен

Овните не поднесуваат лаги, прикривање на намера и лицемерие. Кога е љубоморен, Овенот најчесто има добра причина за тоа. Но, понекогаш може да стане жртва на неподнослива љубомора и поради недоверба и поради чувство на несигурност. Во такви ситуации е најдобро отворено да се разговара со партнерот и да не се бега од проблемите.

Бик

Тој мечтае за среќен свет, средено семејство и ред. Доколку наиде и на најмала причина за сомнеж, станува недоверлив, па истражува, а притоа понекогаш на партнерот му приредува љубоморни сцени. Сепак, тоа не мора да значи крај, иако многу ми е тешко на Бикот да има доверба во некој кој го изневерил.

Близнаци

Родените во овој знак не се склони кон сцени на љубомора, иако понекогаш ги прават без причина. Близнаците се свесни дека самите се склони кон „излети“ во љубовта, па претпоставуваат дека другите не се ништо помалку неверни. Токму тој сомнеж понекогаш ги тера да бараат докази за неверство и се многу несреќни доколку ги пронајдат.

Рак

Раковите како да не знаат за љубомора. Тие се, всушност, слепи од љубов. Во својата преданост кон партнерот не можат ни да замислат дека може некој да ги изневери. А кога сепак ќе пронајдат причина за љубомора, длабоко се потресени. Од такво сознание можат и да се разболат. Кога би научиле да забораваат, Раковите би биле многу среќни.

Лав

Лавовите се најчесто љубоморни поради повредена гордост, но и од страв да не не се сакани доволно, што воедно за нив значи дека партнерот не ги цени и почитува доволно. Кога Лавот ќе здиви, тогаш тоа е најмалку поради изгубена љубов, повеќе поради изгубена власт.

Девица

Девиците понекогаш воопшто не се однесуваат невино. Некој дури и уживаат додека провоцираат љубомора кај другите. Нивниот проблем е што и самите провоцираат со погледи и комплименти. Партнерот на Девиците , порано или покасно, ќе добие впечаток дека тој игра споредна улога, па станува или љубоморен или искомплексиран.

Вага

Таа го обожава партнерот. Притоа нема ни трага од љубомора. Но, ако тој се обиде да ја искористи нејзината толеранција, Вагата станува непресметлива, непредвидлива и опасна. Каде и да удри, остануваат само рушевини.

Скорпија

Скорпијата зрачи љубомора. Без разлика дали постои причина за тоа моментално, или таа постоела пред неколку месеци, па дури и години. Родените во овој знак се љубоморни на секој кој некогаш стоел во близина на нивниот партнер. Проблемот е со тоа што Скорпијата тешко покажува чувства, па дури и во случај на љубомора.

Стрелец

Тој ќе ја покажува на светот неговата среќа дури и кога во себе врие од љубомора. Никогаш нема да ја признае, а нема да постави ниту индискретни прашања, тоа е под неговото достоинство. Но, проблем е во тоа што тој ниту ќе го заборави неверството, ниту ќе го прости, иако тоа можеби не го покажува. Сепак, најдобро со Стрелецот е веднаш да се разреши и најмалиот повод за љубомора, за да не премине во нерешлив проблем.

Јарец

Јарците, обично, влечат со себе многу лоши искуства. Тие исто така не забораваат, ниту простуваат. За чудо, сепак љубомората кај нив е слабо изразена, па никогаш не ги истражуваат постапките на партнерот. Но, ако навистина се докаже неверство, Јарецот ќе ја затвори вратата, и тоа засекогаш.

Водолија

Љубомора, што е тоа?На Водолиите не им се познати маките кои другите знаци ги имаат со ова чувство. Тие не патат, а ако патат, настојуваат да го скријат тоа. Еднаш изневерени, тие не бараат причини, тие заминуваат и точка. Но, тоа не значи дека чувствата на Водолијата се стабилни.

Риби

Љубомората е вечен сопатник на Рибите. Често тоа е мачно и тешко чувство, кое може Рибите и партнерот да ги доведе до лудило. Припадниците на овој знак, всушност, најчесто премногу бараат и од љубовта и од партнерот. А кога нивните очекувања не бидат задоволени, Рибите се повлекуваат. Често се неспособни да простат и најмала грешка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top