четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Заев признава – нема поддршка за капитулацијата (ВИДЕО)

Зоран Заев среде бесрамната кампања за обезличување на македонскиот народ и Република Македонија отворено признава дека ја нема поддршката за своето капитулантско дело.

-Од штабот ми викаат „Фали во источна Македонија“ , уште фалат бројките – отворено вели Заев среде Делчево додека се обидува да им го „испере“ мозокот на граѓаните со приказни за успешна иднина на вештачката творба Северна Македонија. Ваквите признавања се почесто ќе доаѓаат како ќе наближува референдумскиот ден, а се само продолжение на  дебаклот на сите петнаесетина забави низ државата организирани по капитулацијата во Нивици.

Отворено Заев и СДСМ признаваат дека Македонците се за Република Македонија и дека не се согласуваат со предавството и погубниот план кој што го прифати Заев. Граѓаните, гласачите, точно знаат да препознаат што е добро и што ги носи во иднина, а тоа не се арамилакот на Заев и неговиот клан, заканите со прислушувања и економија на замрзната нула. Граѓаните го живеат поразот со Заев кој што ја обесчести македонската историја со извинувањето до Софија затоа што споменал дека Илинден е македонско востание, или што Заев според договорот веќе го користи грчкото име за Солун.

Токму затоа Заев се плаши од одлуката на народот, од нивната вистинска проценка, а и тој и тие околу него најмногу стравуваат од ТВ дуел во кој ќе се соочат со вистината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top