вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 8 ново

Кедира потпиша нов договор со Јувентус до 2021 година

Италијанскиот шампион Јувентус стави крај на шпекулациите околу иднината на Сами Кедира, откако фудбалерот го продолжи договорот со клубот. Денеска Јуве објави дека Кедира ставил потпис на новиот договор со „старата дама“, кој ќе важи до јуни 2021 година. Клубот соопшти дека во договорот постои клаузула според која истиот може да биде продолжен уште една години.

Кедира, на социјалните мрежи, објави дека ќе остане во Јувентиус, со што стави крај на шпекулациите за можен трансфер.

Германскиот репрезентативец стана играч на Јувентус во 2015 година, кога како слободен играч пристигна во Торино од редовите на Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top