четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка

Вчера околу 10:15 часот било пријавено дека во Скопје во детската градинка на улица „Рокомија“, настанала вербална расправија помеѓу З.Џ.(40) и Б.З., двајцата од Скопје.

Потоа, според пријавеното, З.Џ. извадил пиштол, додека Б.З. извадил нож. По преземени мерки  од страна на полициски службеници бил приведен З.Џ., при што кај истиот бил пронајден пиштол. Б.З. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки и активности е пронајден и приведен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top