сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 35 ново

Проблеми за Интер: Новиот бек, Шиме Врсаљко тешко повреден

Хрватската репрезентација синоќа доживеа дебакл на гостувањето кај Шпанија и беше поразена со 6-0, а притоа го загуби и Шиме Врсаљко поради повреда. Десниот бек на теренот помина само 20 минути по што беше принудно заменет поради повреда на коленото.

Според последните информации, Врсаљко најверојатно ги скинал вкрстените лигаменти на левото колено. Хрватот денес ќе стигне во Милано на детални прегледи за да се утврди тежината на повредата.

Ако прогнозите се потврдат, тогаш тоа ќе биде огромен проблем за Интер кој Врсаљко летово го доведе како прва опција за десната бековска позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top