среда, 21 ноември 2018 | Вести денес: 2 ново

Мицкоски: Македонија не е само на Мицкоски, не е ниту само на Заев, имате сè пред вас и јас сум убеден дека знаете што треба да направите и знаете што сакам да ви кажам

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на синоќешната прес-конференција рече дека ов се историски моменти во кои се решава прашањето за името, „едно од најзначајните за нашата држава, тоа е натпартиско, суштествено за постоењето и понатамошното дејствување на државата“. Според него, ова е прашање кое задира во историјата, го опфаќа делото на нашите предци, и се однесува на иднината, на младите или се уште неродените деца.

-Ова не е прашање само на Христијан Мицкоски и Зоран Заев, ова не е прашање само на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ова не е прашање за меѓупартиско препукување, или дневни прес-конференции, ова е прашање за Македонија и сите нејзини граѓани, за нејзиното постоење и понатамошно градење. 

По консултациите со граѓаните и реално различните мислења кои постојат меѓу народот, за апстиненција или да се гласа против, но и оние малкуте кои сметаат дека треба да се поддржи, по одржаните состаноци со Централниот и Извршниот комитет, а имајќи го предвид и јасниот став дека овој договор е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ, како и тоа дека се работи за натпартиско прашање, најголемата опозициска партија донесе одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување. 

Мицкоски рече дека партиските тела одлучиле „секоја индивидуа, со сопствениот морал и совест ќе донесе одлука која смета дека е најдобра пред се за своето семејство и за нашата мила Македонија“.

Македонија ни е се. Нема партиите да одлучуваат, за национално прашање ќе одлучи нацијата и на нејзината одлука сите ние ќе се поклониме и тоа ќе биде тоа.

„Прашањето за името е едно од најзначајните за нашата држава. Тоа е надпартиско, суштествено за постоењето и понатамошното дејствување на државата. Ова е прашање кое задира во историјата, го опфаќа делото на нашите предци, и се однесува на иднината, на младите или се уште неродените деца. Ова не е прашање само на Христијан Мицкоски и Зоран Заев, ова не е прашање само на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ова не е прашање за меѓупартиско препукување, или дневни прес конференции, ова е прашање за Македонија и сите нејзини граѓани, за нејзиното постоење и понатамошно градење. Токму затоа реков дека ова се историски моменти. ВМРО-ДПМНЕ, по консултациите со граѓаните и реално различните мислења кои постојат меѓу народот, за апстиненција или да се гласа против, но и оние малкуте кои сметаат дека треба да се поддржи, по одржаните состаноци со Централниот и Извршниот комитет, а имајќи во предвид сето она што претходно го напоменав и јасниот став дека овој Договор е неприфатлив за нас, како и тоа дека се работи за надпартиско прашање, донесовме одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување. Секоја индивидуа, со сопствениот морал и совест ќе донесе одлука која смета дека е најдобра пред се за своето семејство и за нашата мила Македонија. Македонија ни е се. Нема партиите да одлучуваат, за национално прашање ќе одлучи нацијата и на нејзината одлука сите ние ќе се поклониме и тоа ќе биде тоа.

Македонија не е само на Мицкоски, не е ниту само на Заев, туку на секој слободномислечки граѓанин. Имате се пред вас, и се е толку видливо и мерливо, и сите аргументи, и сите факти, и јас сум убеден дека знаете, знаете што треба да направите.

Вие најдобро знаете што сакам да ви кажам и дека ова што ви го кажувам допира до секој еден од вас, само треба да го слушате вашето срце и вашиот разум, и на крај, сосема на крај Македонија ќе победи, затоа што на Македонија и е потребна мудрост и обединетост.

#МакедонијаЌеПобеди 🇲🇰“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top