вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 8 ново

ВМРО-ДПМНЕ: Секој граѓанин да постапи според сопственото убедување (видео)

Нашата татковина е пред крстопат, а ова се историски мигови. Македонија е доведена во тешка состојба, заради политички нечии амбиции. таквата тешка позиција ја споделува секој граѓанин, компанија и претпријатие и ние како партија. На власт дојде влада која нема никакви резултати. нема напредок, а ветувањата не се остваруваат. Се случуваат силни корупциски афери, дравни пари кои завршуваат во џебовите за државниците, стипендии за наодбраните, а не најдобрите. – се обрати вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека не се согласува со договорот со Грција, но потенцираше дека е за членството во ЕУ и НАТО. Силно е против договорот зошто се коси со принципите на оваа земја. Ја критикуваше владата која започнала жестока кампања за референдумот и троши милионски суми и си игра со емоциите на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ е за членство во ЕУ и НАТО, тие се нашите пријатели. Ние сме на страната на оние кои аргументирано се против договорот од Преспа. Владата започна кампања која вреди милион евра, а во кампањата нема ништо за договорот за промена на името. Си играат со емоциите на луѓето им создаваат лажни надежи. Тие на тој начин сакаат да избегнат од одговорноста.“ – истакна Мицкоски.

Тој потенцираше дека прашањето за името е најважно за граѓаните и е прашање кое задира во историјата и се однесува на минатото, но и на младите. Партијата по консултациите со граѓаните, партиските состаноци и ставот дека договорт е нешрифатлив за нив.

„Донесовме одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување. – истакна Мицкоски и додаде – Треба да гои слушате вашето срце и македонија ќе победи.“

Тој го повика и премиерот Заев на тв дуел за да се разговара за договорот и сите суштински прашања. Потенцираше дека има лажни ветувања и многу афери кои треба да се разјаснат пред народот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top