вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Болницата во Аеродром по проект на сопругот на Фани Пановска од „Сорос“ (ФОТО)

Проектантското студио „Радиус архитекти“ е добитник на првата награда на конкурсот „Нова градска болница“ – Скопје на Министерството за здравство.

Во портфолиото на студиото објавено на Фејсбук страницата пишува дека основачи и сопственици на студиото се архитектите Мартин Пановски, Александар Нумчески, Јана Гугуловска – Ѓорѓевиќ и Душица Диновска.

Радиус архитекти: Мартин Пановски (напред), Александар Нумчески, Јана Гугуловска – Ѓорѓевиќ (лево), Ана Урумовска и Душица Диновска (десно)

Студиото на актуелниот претседател на Асоцијацијата на архитекти на Република Македонија, Мартин Пановски, сопруг на Фани Пановска – Каранфилова, прв човек на Фондацијата „Отворено општество“, одговорило на строгите критериуми на конкурсот расиишан од Министерството за здравство.

Фани Каранфиловска – Пановска, Мартин Пановски

„Идејниот проект треба да предвиди градба на градска болница со максимална висина од 18 метри, односно таа ќе има приземје и четири ката. Сообраќајниот пристап до болницата е решен од два крака односно од булевар „Васко Карангелевски“ и булевар „Јане Сандански“.

„Новата Градска болница треба да имплементира еден нов модел за пружање на амбулантска здравствена заштита и дневна хирургија со неинванзивни постапки, со цел намалување на просечната должина на болнички престој“, стои во соопштението.

Договорите за откуп на авторски права за доделување на наградите за изработка на идејно решение за нова градска болница во општина Аеродром ги потпиша министерот Венко Филипче на 7 месецов и објави фотографии како ќе згледа болницата која треба да се гради на зеленилото кај Мајчин дом во Аеродром.

Како ќе изгледа болницата во Аеродром (ФОТО)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top