петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Уште еден хорор од глутницата на Камен мост, искасано 15-годишно момче

Петнаесетгодишно момче е новата жртва на чопорот кучиња-скитници на скопскиот плоштад. Случајот во Полициската станица Центар го пријавил В.С.(63) од Скопје, кој изјавил дека околу 09.00 часот неговиот 15 годишен син, движејќи се од Камениот мост кон училиште, бил нападнат од глутница кучиња скитници и едно од нив го каснало во пределот на левата потколеница.

Подоцна вечерта, пак, во 19.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров,  Т.С.(78) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на улица „Лихнида” бил каснат од куче во пределот на левата потколеница .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top