вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Ципрас: Преспанскиот договор може да биде модел за други

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во своето обраќање пред Европскиот парламент ги истакна дипломатските успеси на неговата влада во регионот, нарекувајќи го преспанскиот договор „врвот на нашите напори“.

– Со премиерот Заев од ПЈРМ успеавме да стигнеме до заеднички прифатливо решение без употреба на сила, туку преку дипломатија и дијалог. Oвој договор може да биде модел за решавање на споровите во нашиот регион, изјави Ципрас пред европратениците.

Преспанскиот договор и „лидерството на Ципрас и Заев“ го поздрави и Европската Комисија преку еврокомесарот задолжен за Еврото, Валдис Домбровскис, кој рече дека преку решавањето на овој долгодишен спор „тие поставија пример за регионот и за поширокиот свет“.

Алексис Ципрас утрово одржува дебата со европратениците на пленарната седница на Европскиот парламент за иднината на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top