среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 5 ново

Ердоган: Целиот свет ќе ја плати цената поради Идлиб

Офанзива на сириската армија против бунтовниците во провинцијата Идлиб би предизвикала хуманитарни и безбедносни ризици, чија цена би можел да ја плати целиот свет, порача турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во авторски текст во весникот „Волстрит Џурнал“.

– Офанзива на сириската армија во провинцијата Идлиб ќе предизвика хуманитарни и бебзедносни ризици по Турција, Европа и други континенти, оценува Ердоган.

Сириски и руски авиони минатата недела ги возобновија воздушните напади врз бунтовниците во Идлиб, што би можело да претставува вовед во копнена офанзива на владините сили против последните бунтовнички упоришта во Сирија.

– Сите членки на меѓународната заедница треба да ја прифатата својата одговорност во пресрет на очекувната офанзива во Идлиб. Последиците од тоа се огромни, истканува Ердоган во текстот.

Тој оценува и дека и Русија и Иран носат одговорност за избегнување на хуманитарна катастрофа во Идлиб и ја повикува меѓународната заедница да изврши притисок за изнаоѓање политичко решение за Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top