среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Четворица повредени на патот Градско–Прилеп

Четири лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Градско–Прилеп, на крстосницата за село Трстеник. Сообраќајната незгода се случила синоќа во 19.30 часот помеѓу патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(57) од село Трстеник и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(25) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „пежо“, Н.Н.(49) од с.Трстеник и по укажаната лекарска помош во Општа болница – Кавадарци таа била препратена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле возачите на двете возила и сопатникот од возилото „цитроен“, М.И.(22) од Скопје. По укажаната помош тие биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top