петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 21 ново

Заев: Ќе ги унапредме односите со Русија и ќе влеземе во НАТО

Нема докази за директно мешање на Русија или на која било земја во внатрешните работи на Македонија. Ставовите на пријателска Русија, но и на другите пријателски земји се познати. Сите заедно се за ЕУ, но за НАТО Русија има поинаков став од ЕУ и САД.

Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

– Но, за нас е важен ставот што го имаат мнозинството граѓани на земјава, кои не гледаат друга алтернатива освен полноправно членство во НАТО и ЕУ.

Нагласи дека бројките се над 80 отсто граѓани за НАТО, а само пет отсто против.

Премиерот истакна дека односите со Русија може да се унапредуваат во повеќе области – економијата, православното христијанство, културата, образованието и друго, но напомена дека алтернативна за НАТО и ЕУ нема.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top