четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 116 ново

Протоколот на Владата ќе се омрси: Заев ќе дели како награда по уште една плата

Премиерот Зоран Заев и сам се увери во капацитетот на луѓето во владиниот протокол кој го погодија германското знаме и покрај неговата огромна сличност со белгиското.

– Ако некој мисли дека е лесно да се направи разлика меѓу двете знамиња, тогаш се лаже. Сами може да се уверите дека и двете се тробојни со црвена жолта и црна. Само вешто око и некој што добро ја познава историјата, географијата, па и политиката може со ваква прецизност да пресече и да го погоди вистинското знаме – изјави Заев по средбата со Меркел заблагодарувајќи се на неговиот протокол.

Заев на Иванна Хаџиевски и нејзините вработени отворено им кажа дека со таква младина нема страв за иднината на земјата. Во неа и во останатите кадри во протоколот се кријат идните министри, а можеби и премиер на Македонија, потенцираше Заев. 

Зоран Заев на маргините од средбата со канцеларката Ангела Меркел не можеше да со сокрие задоволството од одлично сработената работа на неговиот протококол и правилниот избор на знамиња.

-Дозволете ми да ги поздравам на крајот моите соработници од кабинетот и протоколот, што денес без грешка го одбраа германското знаме, иако до последен момент постоеше дилема дали е германско, или белгиско знаме. Токму заради овој успех најавувам дека целиот протокол ќе добие дополнителна 13 плата и покачување од 5% за целата идна 2019 година. Се работи за квантен скок во рок од 24 часа. Имено според статистиката за само еден ден мојот протокол има неверојатен успех, односно вчера погоди само едно од двете знамиња, а денес ги погоди двете – изјави Заев.

Членови на протоколот на Влада велат дека лично Заев го проверил знамето на Германија и случајниот судар со знамето непосредно пред пресот бил само вешт маневар на Заев да направи последна проверка на точноста на истакнатото знаме.

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top