сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 74 ново

Ахмети-Курц: Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех

На средбата, како што соопшти ДУИ, се разговарало за предизвиците на Македонија и регионот, а австрискиот премиер ја истакнал големата поддршка од Австрија за евроатланската интеграција на Македонија и за потребата од понатамошни реформи.

-Австрискиот премиер се враќа во Скопје за да ни даде поддршка  на нашиот пат кон НАТО и ЕУ. Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех – евроатланската интеграција, изјавил Ахмети.

Тој се заблагодарил за искажаната поддршка и ветил дека ДУИ со посветеност ќе работи за реализација на договорот и за понатамошно реформирање на општеството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top