вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Кочо Анѓушев им се извини на новинарите и си додели три тендери за да се смири

– Тоа што го фрлив фломастерот кон новинарите беше грешка и знак на слабост. Јас не сум таков и длабоко им се извинувам на медиумите и новинарите. Бев нервозен од континуираните напади врз мене лично и врз моите компании. На што личи постојаното повторување на мојата изјава дека моите фирмни веќе нема да учествуваат на државни тендери? Вест е кога ваквата изјава ќе се објави прв пат. Еве нека биде вест и кога некоја од фирмите по грешка конкурирала на државен тендер. Но, да се повторува таквата изјава секогаш кога моите фирми добиваат тендери од државата, веќе е тенденциозно повторување, изјави Кочо Анѓушев екслузивно за Двоглед.

За Анѓушев, не е случајно тоа што медиуми во Грција ја поврзуваат неговата зделка од 5 милиони евра со грчкото електростопанство со целокупната ситуација околу договорот за промена на националното име.

– Гледате што се случува, од секаде сум предмет на напад. Разбирам да ме пишуваат и напаѓаат во Грција, но да ме напаѓаат дома каде што се трудам да дадам најповолна понуда на секој тендер, тоа не можам да го разберам. Тоа навистина боли и е некоректно. Затоа седнав и разговарав со нашиот Премиер, Зоран Заев. Му кажав дека ќе ме изгуби и тој и државата. Тој е свесен дека без мене не се може. Затоа се договоривме дека најдобар лек за да ми мине лутината е да ми се даде простор да докажам колку ја сакам и колку се грижам за татковината, ни објасни Кочо Анѓушев.

– Ви се молам, има ли подобар начин за тоа од доделување на неколику тендери, кои во целост ќе ги завршам. Еве стартувам уште утре. ќе си доделам три нови тендери и ќе знаат и граѓаните и медиумите колку Кочо Анѓушев се грижи за нив, заврши Анѓушев.

Пиперка Ајварка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top