недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата

Владата се извини за пропустот со знамињата на платото пред Владата, каде што за време на официјалниот пречек на австрискиот канцелар Себастијан Курц, наместо австриското беше поставено знамето на Латвија.

„Владата на Република Македонија упатува извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата  на сојузниот канцелар Себастијан Курц во Република Македонија.

Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија“, соопшти владината прес-служба.

Грешката ја забележаа австриските новинари кои пред зградата на Владата реагираа дека тоа не е нивното знаме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top