сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 64 ново

Хан: Идејата за територијална размена меѓу Србија и Косово не треба да се отфрли

Идејата за територијална размена за Србија и Косово не треба да биде отфрлена веднаш и покрај опасностите во регионот и надвор од него, смета еврокомесарот за проширување на ЕУ и добрососедство Јоханес Хан.

– Во оваа етапа ние би требало да им дозволиме на двете страни да ја разгледаат оваа и други идеи и со поддршка од ЕУ да преговараат за нив, изјави Хан за германскиот весник „Велт“ пред денешните разговори во Брисел.

Хан додаде дека сфаќа оти тоа е „емотивен процес“, но ги отфрли стравувањата дека промени на границата би можело да доведат до некаков вид етничко прегрупирање

– Тоа нема да се случи, истакна тој.

Еврокомесарот изрази увереност дека „владите на Србија и на Косово ќе работат одговорно“ и додаде дека секој договор ќе добие меѓународна поддршка само ако ги исполни регионалните барања и донесе повеќе стабилност во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top