четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 101 ново

Четири поврзани дена во мај и многу продолжени викенди – Неработни денови во 2019

Согласно Законот за празници на Република Македонија ова се неработните денови во следната 2019 година

За сите граѓани на РМ

  • 1 Јануари (вторник), Нова Година
  • 7 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
  • 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 1 Мај (среда), Ден на Трудот
  • 23 мај (четврток), првиот ден на Рамазан Бајрам
  • 24 Мај (петок), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
  • 2 Август (петок), Ден на Републиката
  • 8 Септември (понеделник), Ден на независноста
  • 11 Октомври (петок), Ден на народното востание
  • 23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба
  • 8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик
  • 19 Јануари (сабота), Богојавление (Водици)
  • 26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
  • 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 21 април (недела), Велигден-Католички
  • 1 Ноември (петок), Празникот на сите светци
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

  • 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 Јануари (недела), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 8 Април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  • 23 Мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top