четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 99 ново

Ало, овде е Доналд

Американскиот претседател Доналд Трамп во канцеларијата полна со новинари и сниматели чекаше да го започне телефонскиот разговор со мексиканскиот колега Енрике Пења Нието.

– Верувам дека претседателот е на линија – самоуверено започна Трамп, но потоа сфати дека на другата страна од линијата нема никој.

– Енрике? –  запраша Трамп, но не доби одговор, по што пристисна неколку копчиња на телефонот во обид повторно да го повика мексиканскиот претседател, но и овој пат тој не доби никаков одговор.

Набрзо потоа претседателот побара помош од операторите да го поврзат со мексиканскиот претседател.

– Претседателе Трамп, добро утро, како сте? – се слушна од другата страна, по што на лицето на Трамп се појави израз на олеснување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top