среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Ова беше неверојатно патување: Џинобили и стави крај на професионалната кариера

Легендарниот аргентински кошаркар Ману Џинобили одлучи да стави крај на својата кариера по 23 години минати под обрачите.

На овој начин е завршена голема ера во Сан Антонио каде следната сезона ниту еден од тројцата големи играчи нема да го носат дресот на тимот од Тексас. Тони Паркер одлучи да се пресели во Шарлот, Тим Данкан минатата сезона се прости од кошарката, а сега дојде редот и на аргентинскиот магионичар.

– Овој понеделник, со голема доза чувства, објавувам дека ставам крај на професионалната кариера. Голема благодарност до сите (семејството, пријателските, соиграчите, тренерите, управата, фановите) кои беа дел од мојот живот во претходните 23 сезони Ова беше неверојатно патување, кое не можев да го замислам ниту во најлудите соништа, напиша Џинобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top