среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Банката на Советот на Европа ќе си ги добие назад 70 милиони евра: Владата се откажа од проектот за Клинички центар во Бардовци

Банката на Советот на Европа ќе си ги добие назад 70 милиони евра кои беа наменети за изградба на Клинички центар во Бардовци.

Според министерот за здравство Венко Филипче средствата се враќаат затоа што со изградбата на Клиничкиот центар во Скопје нема да можело да се даде современа здравствена услуга и оти немало добро сообраќајно решение.

-Почнува мисија што ќе трае два до три месеци и дека врз основа на анализата ќе се знае каков Клинички центар ќе биде потребен во смисла на обем, димензија, број на кревети со кои располага, сега не само во Скопје, туку и во целата држава, и врз основа на нивната искористеност, како и бројот на лекари со кои се располага, ја пренесе изјавата на министерот Филипче Нова ТВ.  

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top