четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 51 ново

Започна 9 Школа за млади лидери, дел од атмосферата во Струга (ВИДЕО)

Започна деветтата по ред Школа за млади лидери под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Погледнете дел од атмосферата на Школа за млади лидери која од 20 до 31 август 2018 година се одржува во Струга.


На годинешната школа учествуваат триесетина реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Република Македонија, Европа и светот кои ќе ги пренесат своите знаења, искуства и видувања за лидерството на вкупно 40 учесници на школата.

Програмата на годинешната школата e фокусирана на најдобрите практики и знаења за развој на еко-системи за поттикнување на старт-ап, мали и средни претпријатија, како и деловното истражување и иновациите воопшто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top