недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Дачиќ: „Голема Албанија“ ќе биде кога врбата ќе роди грозје

 

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ им порача на Албанците дека желбите за создавање на „Голема Албанија“ со отцепување територии од балканските соседи ќе им се остварат „кога врбата ќе роди грозје!“.

– Тие во суштина го сакаат проектот ‘Голема Албанија’. Ним им е малку Косово, па сакаат да дојдат до Ниш. Тие би сакале да ги земат и половина Црна Гора, и половина Македонија, и северот на Грција. Тие воопшто не сфаќаат дека ситуацијата во светот се промени, изјави Дачиќ.

Како уште една потврда за тоа тој го наведе и фактот дека во Приштина деновиве го славеа роденденот на Бил Клинтон, додавајќи дека смета оти тоа е единственото место на светот каде што се славело, освен домот на поранешниот американски претседател.

– Тоа е доказ дека тие заостанале во времето. Времињата се променија. Тоа што тие го мислат, од тоа нема ништо. Во српскиот јазик постои израз кој не е дипломатски: тоа ќе биде „кога врбата ќе роди грозје“, објасни шефот на српската дипломатија.

На прашањето како ќе оди процесот на рзграничување со Косово, имајќи во вид дека Албанците сакаат да ја земат под своја контрола Прешевска Долина, а во замена немаат намера на Србија да ѝ го дадат косовскиот север населен со Срби, Дачиќ по средбата со својот руски колега Сергеј Лавров во Сочи рече дека тоа е уште еден доказ дека Албанците воопшто не се подготвени за каков било компромис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top