понеделник, 19 ноември 2018 | Вести денес: 71 ново

Клубовите во Германија летово потрошиле 413 милиони евра за трансфери

Германските фудбалски клубови потрошиле 413 милиони евра за нови играчи до моментов, што е значително помалку во споредба со сумата од 600 милиони евра во минатата сезона, јавува ДПА.

Борусија Дортмунд води на листата со потрошени 73 милиони евра за нови фудбалери, додека шампионот Баерн Минхен не потрошил ниту цент. Трансфер периодот се затвора на 31 август, а една недела порано започнува новата сезона во Бундеслигата.

Борусија Дортмунд привлече три од четирите најскапи нови играчи во Бундеслигата: Абду Диало (од Мајнц 05 за 28 милиони евра), Аксел Витсел (Тјанжин, 20 милиони евра) и Томас Дилејни (Вердер Бремен, 20 милиони евра).

Останатите три големи трансфери се на Аласан Плеа од француска Ница во Борусија Менхенгладбах за 23 милиони евра, на напаѓачот на Евертон Дави Класен во Вердер Бремен за 15 милиони евра и на Жан-Филип Матета од Олимпик Лион во Мајнц 05 за 8 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top