сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 35 ново

Филипче: Нема да дозволиме недостиг на инсулин до набавката на нови количини

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека ресорното Министерство нема да дозволи да се појави недостиг од каков било вид инсулин, се до набавката на новите количини за кои тендерот ќе се распише во септември.

– Со оглед на тоа што се смени Законот за паралелен увоз имаше доцнење во доставувањето на одредени инсулини, но тоа е веќе надминато. Подготвени сме за периодот што следи, додека не заврши новата постапка во која имплементираме методи и начин на набавка што ги користат современите европските земји, а тоа се модерни и сигурни инсулини што никогаш до сега ги немало за нашите пациенти. Ќе обезбедиме резервни количини за следните два месеци, како и нови начини на мерење на инсулин, посебно кај децата, истакна министерот Филипче.

Од Министерството за здравство претходно информираа дека до декември важат договорите за набавка на инсулини со претходната тендерска постапка и дека во моментот се води технички дијалог со економските оператори за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи што се потребни до септември 2020 година.

Дијабетичарите принудени меѓу себе да си позајмуваат инсулин бидејќи го нема во аптеките

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top