понеделник, 19 ноември 2018 | Вести денес: 79 ново

Ново задолжување од 6,6 милиони евра

Министерството за финансии и СДСМ денеска на јавна аукција на државни записи ги задолжуваат граѓаните за нови 6,6 милиони евра, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Само во месец август ова е второ милионско задолжување. На почетокот на август, СДСМ преку Министерството за финансии се задолжи за нови 36.6 милиони евра, а најавени беа дека ќе се задолжат 32.5 милиони евра. Значи само во месец август до сега СДСМ ги задолжува граѓаните за повеќе од 43 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните кои гледаме дека не се инвестираат во ништо, гледаме дека сите проекти се во застој, а капиталните инвестиции се со поразителни бројки и со срамни резултати- рече Арсовски.

Тој додаде дека од почетокот на годината до сега Владата ги задолжила граѓаните за стотици милиони евра.

-Само во првите 2 квартали, односно од јануари до јуни јавниот долг е покачен за 352 милиони евра, додека, пак, државниот долг е покачен за 342 милиони евра. Психолошката граница од над 50% одамна е помината- рече партискиот портпарол.

ВМРО-ДПМНЕ прашува каде одат парите од задолжувањата и дали можеби со нив се финансираат партиските кампањи коишто треба да ги реализира СДСМ преку Владата во пресрет на референдумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top