четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме

„Илијада“ најголемиот театарски проект на 58-то „Охридско лето“ синоќа на сцената на Античкиот театар ја затвори најголемата културна манифестација во земјава. Иако имаше информации дека публиката била малубројна, од „Охридско лето“ информираат дека публиката била задоволна од врвната актерска игра во приказната колку што е класична, толку е и инспирирана од европската театарска авангарда, со суптилни совети на модерната историја на Балканот.
-Самата актерска игра се одвиваше пред сцената на Античкиот театар со што гледалиштето беше поставено, централно, во правоаголна форма. Странично беа поставени конструкции со рефлектори со што беше невозможно да се следи од краевите на Антички. Но сето тоа публиката го знаеше затоа што навремено го најавивме, велат од дирекцијата.


-Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено. Доколку поставевме публика на страничните места на Антички ќе беше невозможно да се следи претставата и токму поради тоа се ограничивме само на предниот дел, а протоколот го сместивме на самиот партер. Од следната година за вакви специфични претстави ќе направиме платна со кои ќе ги покриваме местата од каде што не може да се гледа претстава, со цел за да не се добие впечаток дека не можеме да го наполниме Античкиот театар. Но она што е сепак битно, е тоа дека го имавме најголемиот театарски проект на „Охридско лето“ и на Античкиот театар, велат од Охридско лето.


Тие информираат дека свеченото затворање на фестивалот го проследија министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми, заменик-министерот Владимир Лазовски, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата, Роберт Алаѓозовски, министерот без ресор Зоран Шапуриќ, градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, видни личности од театарскиот свет, пратеници, советници, како и луѓе од бизнис-секторот, помагатели и пријатели на „Охридско лето“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top