вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Пандов: Па нели ни го зајакнавте идентитетот? Како тоа за нашиот стратешки партнер нашите се „северномакедонските војници од Северна Македонија“?

Иако власта во предностите од договорот го претставува тоа што бил заштитен идентитетот на државата, иако како што објави Александар Пандов на Фејсбук профил, тоа изгледа не вистина. Тој во Фејсбук статусот на прозва министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Фејсбук статус на Александар Пандов:

Што е ова бе? Па нели ни го зајакнавте идентитетот? Како тоа за нашиот стратешки партнер нашите се „северномакедонските војници од Северна Македонија“? Сето ова да го гледаме на нивно официјално видео објавено од заедничката вежба во Криволак. Или и ова е фејк њуз од антидржавни структури? На Шеќеринска малку и е што им закина 1.000.000 евра на македонските војници, па сега уште почна да ги нарекува “северномакдеонци”. Многу, многу лошо сето ова што ни го правите, а пред референдум сме, историски!
#Бојкотирам

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top