сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 63 ново

Мајката на Иванка хит на Азурната обала (ФОТО)

Бизнисменката Ивана Трамп (69) позната по првиот брак со сега американскиот претседател Доналд Трамп шокираше со својот изглед во монденскиот Сен Тропе. Во фустан со цветен дизајн кој и ги откриваше сите маани и без шминка, прошета со своето куче во елитното одморалиште на светскиот џет-сет. Во Сен Тропе Ивана се чувствува како дома, па не и беше гајле што со својот партнер и навечер го избра истиот фустан но со малку подеран изглед.

Видливи се естетските операции на лицето на Ивана и вишокот килограми на 182 см висина. Некогаш гламурозната и вита Ивана веќе е непрепознатлива.

Зад себе има четири брака. Со Доналд Трамп беше во брак 15 години и имаат три деца: Иванка, Доналд помладиот и Ерик.

Од мажите најдраг и е Италијанецот Росано Рубиконди, 23 години помлад од неа, со кого и по 10 години од разводот е блиска и одмара заедно во Сен Тропе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top