сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 37 ново

Лето не видовме: Времето како и досега, така и во следните денови

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, особено во северните делови.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 20, а  дневната од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top