вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Нова трагедија во Италија: Поплава однесе најмалку осум животи

Најмалку осум жители на јужната италијанска област Калабрија загинале во поплавата што ја зафати клисурата Полино, која е популарна туристичка дестинација.

Спасувачките екипи извлекле 12 лица кои биле заробени од поплавите, меѓу кои и 10-годишно дете. Но, тие се уште трагаат по неколку групи планинари, кои биле во клисурата во моментот кога реката ненадејно надошла и предизвикала поплава.

– Не знаеме уште колку точно луѓе се заробени од надојдената река. Се работи за тежок терен, длабока клисура долга километар, а на места широка само неколку метри, изјави Карло Танси, шеф на регионалните спасувачки служби.

Според него, на спасувачите ќе им бидат потребни повеќе часови да ја претражат клисурата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top