вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Два денара поддршка за стабилизирање на откупот на сливи

По два денара поддршка за килограм сливи ќе добијат регистрираните откупувачи и трговци со цел стабилизирање на откупот на сливи, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
МЗШВ воедно потсетува дека производителите, согласно годинашната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, ќе добијат три денари субвенција.
– Финансиската поддршка за откупувачите ќе важи за индустриски сливи откупени до 15 септември 2018 година по цена не пониска од пет денари за килограм. Оваа субвенција ќе важи и за откупувачите кои ќе откупат свежа слива, но по цена не пониска од осум денари – наведува Министерството.
Во моментов, како што информира, над 20 компании откупуваат сливи.
МЗШВ стапи во контакт со откупувачите и најодговорно тврди дека секој откупувач при откуп на слива, издава кантарна белешка.
– Континуирано го следиме откупот на сливи и повторно ги повикуваме земјоделците да не наседнуваат на партиски мотивирани протести. Работиме според законските овластувања и во интерес на земјоделците поради што изминатата 1,5 година воведовме системски мерки за поттикнување на развојот на земјоделството. Минатата година за 10 отсто ги зголемивме субвенциите за овошни насади вклучително и за сливите. По овој основ зголемени субвенции добија над 2.500 производители на сливи, за што беа исплатени 64 милиони денари – стои во соопштениетот од МЗШВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top