вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 8 ново

Кривична за неготинчанец: Лажно посредувал за работа во хотел во Германија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.К. (31) од Неготино, за сторено кривично дело „измама “.

Во текот на мај 2018 година, во повеќе наврати, пријавениот, со лажно претставување и прикажување на факти во врска со посредување и обезбедување на документи за работа во хотел во Германија, довел во заблуда лице од Крива Паланка и и нанел штета во износ од 22.780 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top