сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Судот во функција на политичка кампања: И денеска СЈО правеше претстава со бомбите

Судот одби техничкиот вештак на одбраната да има пристап до компакт дисковите на кои се снимени разговорите во Титаник и покрај тоа што има низа недоследности во временските записи кога се случиле разговорите

Денеска во Основниот суд Скопје 1 продолжи пуштањето на креираните снимки од наводните телефонски разговори во предметот „Титаник“.

Ниту судот ниту од обвинителството не дозволуваат стручно лице на одбраната да ја погледне опремата и ЦД-то одблиску. Судот и обвинителството ја одбија одбраната вештак за аудиоснимки да добие увид во компјутерот во кој е ЦД-то се разговорите. Обвинителката на СЈО само кажа дека одбраната може да дојде во СЈО и да ги слуша снимките, иако одбраната не бараше такво нешто, бидејќи ги слуша и во судницата, туку увид во компјутерот и ЦД-то бидејќи според нив имаат основани сомненија за манипулации со овие креирани материјали.

Претходно, минатата недела, судот направи еклатантно кршење на законот со тоа што одби да го задолжи СЈО да приложи докази дека копиите од материјалите се идентични на оригиналот. Одби да го задолжи СЈО да приложи и достави детален записник од примопредавањето на материјалите од СДСМ до СЈО.

Од страна на судот беше одбиено и да се произнесе по законот за приватност, кој е сериозно прекршен бидејќи рокот за предавање на снимките СДСМ го пропуштил и ги предал со 20 дена задоцнување, што значи дека овие снимки најмалку заради ова не можат да бидат прифатени како докази.

И како и во претходните денови повторно јавноста слушаше сосема нормални разговори од изборна кампања што ги водат сите активисти и луѓе инволвирани во избори од сите партии.

Од разговорите станува јасно дека на изборите во 2011 на ВМРО-ДПМНЕ му станало јасно како СДСМ во Струмица ги поткупува гласовите во ромското маало кое таму се нарекува Турско маало.

Имено, во деновите на кампања, неколкуте прехранбени продавници во тоа маало се преполнувале со зејтин, брашно, шеќер и други производи, кои жителите по претходна најава доаѓале и си ги подигале стоките без да плаќаат знаејќи дека тоа е донација од СДСМ за да гласаат за нив.

Имено СДСМ го сменило методот. Претходно носеле од врата на врата намирници со цел купување гласови, што е далеку поризично за нивните активисти, а веќе на овие избори започнале со нова метода во која во договор со сопственикот на продавницата, секој гласач доаѓа си зема од стоката и си заминува без да плаќа, а само се запишува неговото име во евиденција. И се навидум и гледано острана изгледа нормално: Луѓето влегуваат со празни раце во продавница, а излегуваат со полни раце наводно купена стока, која всушност не е купена туку доделена од СДСМ.

Од тие причини Миле Јанакиески бара влез на инспекции во ваквите дуќани кои всушност се соработници на тежок криминал направен од СДСМ, и откако ќе се констатира дека имаат стока за купување гласови, привремено да се затворат и да де спречи поткупот на гласачите.

И денеска како и претходно, во секој миг, судијата Осман Шабани не можеше да го прикрие негативниот став кон обвинетите и одбраната.

Фарсата во разговорите од бомбите на СДСМ. Денес на рочиштето за предметот Титаник се слушнаа дупли телефонски разговори од Миле Јанакиески и Влатко Чингоски, но снимени во различен временски период иако станува збор за истиот разговор со иста содржина помеѓу двајцата соговорници. На претходните рочишта имаше и снимки од разговори кои се снимени во 24:56 часот, што е технички невозможно, но тоа што е поапсурдно е дека соговорниците помеѓу себе се поздравуваат со Добар ден, како и со најава дека ќе се слушнат повторно вечер во 22 часот!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top