вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 8 ново

Се појави нова епидемија, голем број мртви, можеби има неколку илјади инфицирани

Во новата епидемија на ебола во Конго починаа 49 лица , а уште две илјади се под надзор на доктор поради сомнение дека се заразени од опасниот вирус.

Епидемијата е прогласена на први август на северот на Конго, каде почетно беа заразени 90 лица.

Како што јавуваат новинските агенции, лекарите досега регистрирале две илјади луѓе кои биле во контакт со заразените, па се проверува дали и тие заболеле од таа тешка болест.

Од 1976 година па навака Конго имаше десет епидемии, а во претходната загинаа 33 лица.

Најголемата епидемија на ебола која светот ја памети беше во 2013 години. Тогаш починаа скоро 11 и пол илјади луѓе, од што најмногу во Гвинеја, Сиера Лиеоне и Либерија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top