четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Пронајден сопственикот на бурмата изгубена во Охрид, ја загубил пред цели 5 години (фото)

– На плажата Акапулко, вчера, семејството Ставрески пронашло бурма на која било изгравирано: „Моника+Дејан 28.07.1998“. Ставрески напишале: „Убаво би било aко можеме да го најдеме сопственикот.“

По објава на Фејсбук, пронајден бил сопственикот кој ја изгубил бурмата пред 5 години на истата плажа.

По ова следуваше лавина од споделувања на обајавата по разни групи се додека сопственикот не ја виде истата и се јави. Како што вели тој неговата бурма била изгубена на местото каде е пронајдена пред пет години. Минатиот месец прославиле 20 години брак и се горди родители на две деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top