сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 31 ново

Сузана Турунџиева се спрема за свадба: Лора и Филип многу се сакаат

Македонската пејачка, водителка и писателка, Сузана Турунџиева неодамна преку Фејсбук се пофали дека нејзината ќерка, Лора ќе се мажи за своето момче Филип. Таа за „Репортер“ раскажала како течат подготовките за свадбата.

– Подготовките течат со леснотија и радост. Без помпи, формалности и натегања. Двајцата се многу едноставни и не бараат невозможни нешта. Знаат што сакаат, и патем, многу се сакаат, вели Турунџиева.

– Лора и Филип, бидете големи и несебични во љубовта, добри и благородни во срцата и бидете ми светло во тунелот кое никогаш нема да згасне, им посака Сузана, кога откри дека ќе добие зет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top