недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Седум минути се обидуваа да му ја извадат: Дефанзивецот Чикош мораше да бида заменет заради бурмата (видео)

Мечот меѓу унгарски Дебрецин и МТК доцнеше седум минути затоа што играчот на Дебрецин, Ерик Чикош не можеше да го извади прстенот од прстот.

Словачкиот десен бек мораше да ја извади бурмата затоа што според правилата на ФИФА никаков накит не е дозволен на натпреварите. По седум минути неуспешни обиди судијата нареди Чикош да биде сменет.

На негово место во игра влезе  Емир Кусњир, а мечот заврши 3:3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top