недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Поплавите во Индија однесоа над 350 жртви

Повеќе од 350 луѓе загинаа, а околу 800.000 се раселени поради поплавите кои ја погодија провинцијата Керала, јужна Индија. Дождовите почнаа на 8 август и предизвика поплави и лизгање на земјиштето. Илјадници спасувачи со стотина чамци и неколку десетина хеликоптери се обидуваат да пристигнат до луѓето кои се во изолирани области.

– Временските услови се значително подобрени и се очекува до понеделник да бидат спасени 10.000 жители, кои и понатаму се заглавени, изјави претставник на индиската Управа за катастрофи П.Х. Куријан.

Во поплавите се оштетени околу 10.000 патишта, а еден од главните аеродроми од вторникот е затворен, а повторно ќе биде отворен на 26 август.

Околу 800.000 жители на Керала се префрлени во околу 4.000 кампови ширум провинцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top